Новинарска екипа на МИА нападната на протестот за „Монструм“

Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбиваат да се повлечат и фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон.

Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.