Заев се кандидира за претседател на СДСМ

Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија, објави на Фејсбук лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

– Пред членовите на партијата излегувам сo програма: Нова политика – СДСМ прв во промените!
Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март. Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат, најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и Република Северна Македонија – вели Заев.