Ангеловски: Осуда за нападот врз новинарските екипи, новинарите се наши партнери

Тони Ангеловски ги осуди нападите врз новинарските екипи и медиумските работници за време на денешниот протест во Скопје што беше организиран во знак на незадоволство од пресудите во случајот „Монструм“.

Осуда за чинот на спречување на новинарските екипи и медиумските работници во вршење на нивната работа. Новинарите се наши партнери, рече Ангеловски во изјава за ТВ Канал 5.