МВР: Претрес во Битола, запленет амфетамин, приведено едно лице

На 26.02.2021 во Битола, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на Б.Ш.(28) од Битола, при што бил пронајден и одземен амфетамин.

Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.