Од 1-ви март започнува пописот во Дипломатско-конзуларните претставништва

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, објави дека од 1 март ќе започне регистрацијата на граѓаните кои живеат надвор од Република Северна Македонија, без оглед кога ја имаат напуштено земјата.

Османи рече дека ова е историски случај бидејќи за прв пат ќе се регистрира нерезидентно население и ќе се смета за општ дел од населението за време на пописот.

В понеделник, на први март, почнува пописот на неколку категории граѓани. Еден месец пред останатите ќе бидат попишувани припадниците на Армијата, вработените во Дипломатско-конзуларните претставништва, затворениците, бездомниците, но и оние државјани што живеат надвор од земјава.