36 нови пациенти во ковид центрите во Скопје за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат во главниот град и во болниците низ земјава е 669.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 11 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 35 пациенти со симтоми на корона вирусот. 

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 427. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болен, а во Куманово 61 пациент. 

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13.