Вкупно 11 полицајци биле повредени на вчерашниот протест за „Монструм“

По вчерашниот насилен протест за случајот „Монструм“, од МВР информираат дека вкупно 11 полициски службеници се повредени. Првично беа пријавени седумина, а потоа уште четворица, а за среќа сите се со полесни повреди.

Во полициска станица пак беа приведени осум демонстранти, на кои ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.