Богојески за Пандов и Неделковски: Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава

„Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава… и во услови на корона, нормално е да се практикува геј распаљотка! Лично ги познавам господата Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски, Александар Митевски… не е ок да се користи сексуалната ориентација за власта да се одмаздува врз нив“, објави лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.

Според него, „дополнително, тоа што луѓето немаат кеш да одат низ Европа, а се селски педери од Стајковци, не значи дека треба да бидат малтретирани“.

„Влада на Република Северна Македонија не може да продолжите со дискриминација на сексуална основа!
Срамно е! Не сме 19ти век“, пишува Богојески.

Синоќа, во кафеана во Стајковци, биле приведени 18 лица, меѓу кои и екс судијата Владимир Панчевски, Миленко Неделновски, но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов. Според официјалната информација на МВР, вкупно биле уапсени 18 лица, заради непочитување на мерките за заштита.