Повеќе од 80.000 членови го ажурирале членството во СДСМ

На 21 март ќе се одржат првите внатрепартиски избори на кои секој член ќе може да гласа за претседател на СДСМ.

Низ целиот процес на ажурирање имавме и илјадници нови членови, првенствено млади лица кои пристапија кон ова македонско социјалдемократско семејство. Граѓаните ги препознаваат успешните политики на СДСМ, препознаваат дека правдата, напредокот, развојот и интеграцијата се можни само со СДСМ и затоа секојдневно се приклучуваат. Тоа е нова енергија, нова додадена вредност за нашата партија – рече денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Зоран Заев засега е единствен кандидат за претседател на СДСМ.