СДСМ: Повеќе од 80.000 граѓани го ажурираа членството во СДСМ

СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството при што се ажурирани повеќе од 80.000 членови.

– Низ целиот процес на ажурирање имавме и илјадници нови членови, првенствено млади лица кои пристапија кон ова македонско социјалдемократско семејство. Граѓаните ги препознаваат успешните политики на СДСМ, препознаваат дека правдата, напредокот, развојот и интеграцијата се можни само со СДСМ и затоа секојдневно се приклучуваат. Тоа е нова енергија, нова додадена вредност за нашата партија .

На 21 март ќе се одржат првите внатрепартиски неспосредни избори, на кои секој член ќе може да гласа за новиот претседател на СДСМ.

Лидерот Зоран Заев засега е единствен кандидат за претседател на СДСМ.