МВР: 134 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 134 прекршоци. Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.