МВР: На територија на СВР Куманово приведени 7 лица, пронајдена прашкаста материја

На 27.02.2021 во 23.40 часот во Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишиле од слобода М.Б.(22) од Крива Паланка и С.З.(29), И.Д.(27), И.А.(22) и С.А.(23), сите од Куманово, затоа што при преглед кај нив билe пронајдени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 27.02.2021 во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(34) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 27.02.2021 во 16.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Т.(51) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.