Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на протоколите за работа на угостителски објекти

На 27.02.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

При контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Слични вести

Спорт