СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството, со централната стерилизација се решаваат многу проблеми

ВМРО-ДПМНЕ е последна која има право да зборува за здравството, откако по 11 години негрижа, неинвестирање и сомнителни набавки, го доведе здравствениот сектор пред колапс.

И во услови на пандемија ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните, прави опструкции и се обидува да го поткопа здравствениот систем.

Во врска со стерилизацијата, станува збор за јавен и официјален процес за јавно-приватно партнерство, преку кое сите јавно-здравствени установи каде се извршуваат хируршки интервенции ќе имаат нови инструменти, соодветно стерилизирани, ќе имаат соодветно третиран медицински отпад и соодветна стерилизација и чистење на операционите сали.

Овој процес не ја опфаќа само стерилизацијата на инструментите туку и нови инструменти кои ќе ги добијат сите Јавни здравствени установи, каде што се извршуваат хируршки интервенции, како и соодветен третман на медицинскиот отпад, тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го направи.

Понатаму, се обезбедува соодветно чистење и дезинфекција по соодветни стандарди на операционите сали, тоа што сега, исто така не се прави стандардизирано и соодветни специфични инструменти кои одредени болници и клиники во овој момент ги немаат.

Со централна стерилизација, по најсовремени европски стандарди се решава проблемот на многу хоспитални инфекции, кои потекнуваат и од оние стари и зелени искинати чаршави, кои повлекуваат огромни трошоци за болничко лекување, за скапи антибиотици, а сега тоа го менаџираме само со еден проект.

За потсетување од оние стари и зелени искинати чаршафи од кои потекнуваат многу хоспитални инфекции, на кои се накалемуваат огромни трошоци за болничко лекување, за скапи антибиотици и сето тоа сега го менаџираме само со еден единствен проект, а тоа е централна стерилизација по најсовремени европски стандарди.

Слични вести

Спорт