Маричиќ, Симовски и Спасовски во увид на попишувањето во кумановскиот затвор

Министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски денеска ќе извршат увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Денеска почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведува до 21 април.