Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомиците

Распределени во пет возрасни категории, цицибани, деца, млади, сениори и ветерани, скоро сите ја завршија трката, што се одржа на ски-патеката 3.

Организатор на настанот беше Општина Кочани во соработка со Скијачката федерација на Македонија и со скијачи рекреативци од Кочани.

– Задоволни сме од одѕивот и бројноста на учесниците кои дојдоа не само од Кочани, туку и од Штип, Скопје, Битола, Виница и други градови. Тоа само ги потврди нашите очекувања дека интересот за скијањето е голем и недостасуваат натпреварувања од ваков карактер. Иницијативата за организирање „Осоговски велеслалом” е наша, со цел да го обновиме натпреварот што се одржуваше пред неколку децении, а во исто време да ја промовираме Пониква како скијачки центар. Исто така, сакаме да ги мотивираме децата и младите да научат да скијаат, а тие што веќе ја поседуваат оваа вештина, повеќе да ја практикуваат, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

На натпреварот „Осоговски велесламом” учествуваше и швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада, која успешно ја заврши трката.

Релативно високите дневни температури и топењето на снегот не ги попречија организаторите добро да ја подготват ски-патеката, за што поддршка дадоа и Територијалната противпожарна единица од Кочани и служби од Министерството за внатрешни работи.

По завршувањето на натпреварот и прогласувањето на победниците, најуспешните натпреварувачи во сите категории добија награди и признанија што ги обезбеди Општина Кочани. /МИА