Мартинката е симбол на месец март – Еве што треба да направите доколку се одлучите да ја носите

Денеска е 1. Март и според народните верувања за среќа се прави и подарува Мартинка, вид на нараквица од засукани конци.

Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен, а самите бои имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа и никогаш не се менуваат.

Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец, односно мартинки за здравје на најмлаадите и против уроци.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде бериќетна. Според други верувања пак тие се закачуваат на најблиското расцветано дрво.