Заев: Шилегов е за мене фаворит за кандидат за Скопје, иако уште го немам прашано дали ќе се кандидира

Градоначалникот Петре Шилегов е мој фаворит, но изборот на кандидатите за градоначалник ќе го направат граѓаните. 

Ова премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ го изјави како одговор на прашањето дали ќе го поддржи Шилегов за кандидат за градоначалник на метрополата, по повод најавата за реконструклција на Универзалната сала. 

„Постојано е кампања и постојано се проекти, меѓу кои пластичарска улица, булевар Словенечка и куп други проекти во Скопје, не само каде Владата има учество со средства, туку како поддршка на политиките, за да се реализираат ветувањата. Верувам и дека така треба да се продолжи, радоста кај мене за Универзална е голема, иако сум стримичанец, ме потсетува на младоста. А тука во Универзална ги објавив и првите бомби. 

За Шилегов имам само пофални зборови. Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во летото, јуни, јули, август, крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, но постапките во СДСМ се отворени и демократски. Инаку, јас гласам во Струмица, граѓаните на Скопје треба преку истражувачки методи да изразат поддршка за нашите кандидати, да имаме привлечни кандидати за граѓаните да дадат поддршка“, рече Заев.