Завршува „Трезор“, еден од обвинетите во случајот е и Мијалков

Заврши и случајот „Трезор“, каде еден од обвинетите е поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Денеска беше сослушан последниот сведок на предлог на обвинителството, Ненад Јосифовиќ, еден од луѓето поврзани со оф-шор фирмите регистрирани во странство, а се користеле во Македонија. Обвинителството завршен збор за набавката на опрема за прислушување ќе го даде на 22 март додека одбраната на 29 март. По што следува пресуда за случајот. Инаку Сашо Мијалков по викендот во Шутка денеска бепе спроведен на судењето за овој случај. Тој засега останува во притвор.