Заев: Ставовите на Љубчо Георгиевски се негови лични ставови

„Ставовите кои ги презентираше Љубчо Георгиевски се негови лични ставови, а не како коалиционен партнер. Јас веднаш разговарав со него, и ми потврди дека тие ставови ги изнел како негови лични размислувања“, рече Заев.

Предлозите кои ги изнесе Георгиевски всушност се сите оние барања на кои Бугарија инсистира а кои директно задираат во идентитетските прашања. Тој предлага Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија, што подразбира Пиринскиот дел во Бугарија, како и дека нема да го помага македонското малцинство во Бугарија. Понатаму бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани по 1944 година. Георгиевски се залага и за промена на стратегијата на историските комисии.