Бројот на хоспитализирани е 682, а на слободни места 360

Во изминатите 24 часа во Скопје има 25 нови примени, најмногу на интерните клиники, но сепак најмногу пациети кои во моментов се лекуваат во Скопје од ковид се на Инфективната клиника

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во земјава е 682 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. 

Во изминатите 24 часа во Скопје има 25 нови примени, најмногу на интерните клиники, но сепак најмногу пациети кои во моментов се лекуваат во Скопје од ковид се на Инфективната клиника. 

Во ковид – центрите во болниците низ земјава има 419 пациентии тоа: во Битола 30, во болницата во Штип 32 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 25, во Куманово 65, во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 75, во ковид – центарот во Гостивар 6, а во Струга 19. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. 

Слични вести

Спорт