Приведен криминалец од Куманово, баран со потерница

На 01.03.2021 во 15:45 часот полициски службеници од СВР Kуманово го приведоа А.Д. (25) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ. 
Лицето е спроведено во КПУ Идризово.