Синот на поранешниот поглавар на ИВЗ е повреден во престрелка во Ѓорче Петров

Денеска околу 16.40 часот е пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „голф“, пукало кон возило „мерцедес“, во кое бил полицискиот службеник З.Р.

Според првичните информации, З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8 Септември” за укажување  помош.

Слободен печат неофицијално дознава дека се работи за синот на поранешниот поглавар на ИВЗ, Зеглул Реџепи.