Марија Шерифовиќ демантира дека е во врска со пејачка и порача: Срам да ви е!

Откако некои медиуми во регионот напишаа дека пејачките Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ се во љубовна врска, Шерифовиќ се огласи на Инстаграм.

„Не планирав да ги коментирам сите овие написи што ги преплавија медиумите последните 5-6 дена. Но, бидејќи гледам дека сега почнаа да се вклучуваат и измислени изјави на нашите семејства, морав да реагирам”, објавила Марија.

„Никогаш не беше тајна дека по натпреварот се разви големо пријателство помеѓу нашите семејства, кое нема да заврши заради ничии лоши или луди идеи или изјави. Така што, сè што сте прочитале и што ќе прочитате е една голема лага. Постои нешто што многу ме изнервира, не е фер да му се ставаат зборови во уста на татко ми, човек кој во моментот се наоѓа во болница и чека операција. Затоа, срам да ви е за тоа, поздрав на сите“, порача таа.

ФОТО: Инстаграм