Кумановци веќе нема да одат во Врање – ЛИДЛ се отвара во Македонија

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Предвидено е „Лидл“ на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Интересот на „Лидл“ за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.