Уапсени две лица од Косово за пукањето во полицаецот во Ѓорче

Возилото „голф“ од кое беше пукано кон друг автомобил и беше повреден полицаец е пронајдено вчера вечер околу 19 часот, известува Министерството за внатрешни работи. 

Поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени 40-годишниот Б.В. и 38-годишниот И.Л., двајцата од Косово. 

Инаку вчера попладне кај кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров полицаец беше застрелан во ногата, по што беше пренесен во болница.

Полицаецот се упатил во Градската општа „8-ми Септември” за укажување на помош.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести

Спорт