Излезе третиот број од меѓународното научно списание „Безбедност”

Со особено задоволство Ве информираме дека е објавен третиот број од возобновеното Меѓународно научно списание “Безбедност” на Министерството за внатрешни работи.
Списанието има за цел да ги поттикне научните работници од земјата и странство, со своите научни резултати да ги претстават современите трендови во безбедносните, полициските, криминалистичките, правните и други науки од значење за развојот на полицијата.

Од друга страна, се надеваме дека припадниците на МВР и полицијата ќе ги користат резултатите од научните трудови во секојдневнито работење и унапредување на полициската професија. Стручната јавност и пошироката читателска публика ќе имаат можност одблизу да се запознаат со значајните прашања на полициското постапување и со полицијата воопшто.
www.mvr.gov.mk