Писмо од читател кој сакаше да остане анонимен. Редакцијата смета дека се работи за прашања од јавен интерес, на кои пратеникот Апасиев можеби некогаш ќе даде одговор. Писмото го објавуваме во целост, заедно со фотографиите што ни беа испратени во прилог.
Иако долго се чека на ред за поставување пратеничко прашање, приоритетно прашање на „левичарот“ Димитар Апасиев беше дали Министерството за култура планира да преземе итни мерки за санација и реконструкција на неговата семејна куќа „поради реалната опасност од блиско рушење“!
Како што претходно пишуваше велешкиот портал Дума.мк, „Најнапред оваа куќа била на трговското семејство Боцеви во кое се омажила убавата велешка мома Елена Кртева на која народниот пеач и ја посветил песната Елено ќерко Елено. Елена била сестра на Асен Кртев. Подоцна куќата ја купиле бавчаванџиите Аликарови, од Башино Село кои му ја препродале на Пано Апасиев со синовите Јованче и Диме и ќерката Васа“.
Но, зошто семејството Апасиеви, како и сите други граѓани, не вложува свои пари во зачувување на семејната куќа, туку упорно бара помош од државата? Зошто пратеникот Апасиев не вложил ниту дел од неговите високи професорски и пратенички приходи за одржување на семејната куќа, туку со пратенички „ургенции“ бара државна помош? Зарем е можно Димитар Апасиев, кој на Фејсбук се фалеше со фотографии од неговата луксузна и скапа кујна во новиот стан во Скопје, да не мрднал со мал прст за да ја зачува од рушење семејната куќа во Велес?
Извор: фортлине