Бобан Илиќ, осудениот за смртта на малиот Алмир, од вечерва е во кумановскиот затвор

Бобан Илиќ, кој е осуден за смртта на 4-годишниот Алмир Алиу денеска се појави во затворот Кшање во Куманово, каде што треба да одлежи ефективна затворска казна.

Случајот ја потресе јавноста во јуни 2016 година. Првообвинетиот Бобан Илиќ, прво беше обвинет за убиство, а потоа делото беше преквалификувано во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.