Жерновски кандидат за амбасадор во Њујорк

Андреј Жерновски, член на Централниот одбор на СДСМ и поранешен заменик-министер за надворешни работи, е најсериозен кандидат за нов македонски амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Како што објавува „360 степени“, се уште не е официјализирана постапката за именување, но опцијата Жерновски да биде амбасадор во седиштето на ОН веќе била ставена на маса.