Претреси во тетовско, пронајдена дрога и оружје

На 02.03.2021 во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.Ј.(47) и кај Т.Ј.. При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар. Додека, кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми. Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични вести

Спорт