СДСМ: Мицкоски не успеа да ги одбрани криминалите на Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ е поразена и од правдата и од граѓаните

„Докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успева да ги одбрани криминалците во редовите на својата партија.

Мицкоски кој е единствен на браникот на криминалот, нижи порази и од граѓаните и од правдата.

Последниот негов пораз е неуспехот прво да го одбрани криминалот а потоа и да се дистанцира од Сашо Мијалков, човекот кој заедно со Груевски го постави Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Извршената правда врз Мијалков е директен пораз за остатоците на режимот, за Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на криминалот и кои работат против правдата и владеење на правото.

Затоа нервозата кај Мицкоски и во белиот дворец расте, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција“, се вели во соопштението на СДСМ.