5200 члена во ОО СДСМ Куманово го ажурираа своето

Почитувани, Заврши процесот на реевиденција, над 80000 членови го ажурираа своето членство во СДСМ, од кои над 5200 члена во ОО СДСМ Куманово.Овој процес на промени го заокружуваме на 21- ви март кога ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори, каде секој член ќе може да гласа за претседател на СДСМ.Согласно Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ, Централната изборна комисија одржа седница на која беше потврдена и објавена единствената пријавена кандидатура на Зоран Заев за претседател на СДСМ. Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.Победуваме, но и постојано се менуваме, за уште подобро да им служиме на граѓаните и државата.