ВО СТРУГА ХОСПИТАЛИЗИРАН МАЖ СО КОВИД-19 КОЈ БИЛ НА ПАТУВАЊЕ ВО ЗАНЗИБАР

Во Струга е хоспитализиран маж со Ковид-19 кој бил на патување во Занзибар, Африка.

Директорот на струшката болнциа за нефрологија за ТВ24 потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил в болница, исто како и неговата сопруга која била хоспитализирана во Скопје.

Утре на пациентот ќе му биде земен брис, а анализите во МАНУ ќе треба да потврдат или да негираат дека станува збор за јужноафриканскиот сој на коронавирусот. 

Пациентот засега се наоѓа во стабилна состојба.