Николовски: Со акцискиот План за борба против корупцијата ставаме целосна контрола на користењето службени возила!

Со акцискиот План за борба против корупцијата ставаме целосна контрола на користењето службени возила!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„За прв пат воведуваме единствен Регистар за службените возила, со кој строго ќе се регулира начинот на користење на службените возила, ќе се знае кој, кога и на кој начин го користи службеното возило.
На овој начин спречуваме злоупотреба на службените возила за приватни цели.
Стварите во државна и општинска сопственост, не се приватна сопственост, и тоа не смее никој да го злоупотребува“, посочии Николовски.