Патникот кој се вратил од Занзибар е заразен со британскиот сој на вирусот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот Сарс-Ков2. 

Со оглед на дестинацијата од која се вратил патникот, постоеја сомнежи дека тој би можел да биде инфициран со јужноафриканската форма на вирусот. 

Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пациент, кој исто така патувал за Занзибар, информираат од Министерството. И тој е ковид позитивен и, као и првиот патник, е хоспитализиран.