Дино Мерлин: Поради тешката болест бев како билка

Дино Мерлин (58) гостувал во емисијата „Во свој филм“ на ХРТ, во која зборувал за својата долга и успешна кариера, но открил и многу детали од животот.

Босанскиот музичар се присетил на деновите кога работел во фабрика за кревети и ги запишувал песните на мрсна хартија.

– Ме исмеваа затоа што пишував песни – рекол Мерлин и додал дека секогаш им велел дека ќе го гледаат на телевизија, што и се остварило.

Парите што ги заработил ги вложил во студио и приватно го снимил албумот, додека другото, како што вели, е историја.

Мерлин, роден во Сараево, се присетил и на деновите на војната, кога гледал како умираат неговите колеги, пријатели и менаџерот.

Зборувал и за филмската приказна со неговата сопруга Амел Дервишалидовиќ, чии родители биле против нивниот брак. Мерлин рекол дека буквално ја „украл“ од нејзините родители, а денес се заедно повеќе од четири децении.

Но, Мерлин открил и дека кон крајот на 90-тите размислувал да се повлече од сцената.

– Ова првпат ќе го кажам, во еден период од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија, не би го посакал тоа никому. Тоа се манифестираше на така што не ме интересираше ништо, ниту живот ниту смрт. Тоа беше периодот кога бев билка. Сешто ми паѓаше на ум, размислував да ја напуштам музиката. Но, решив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот „Средином“, на кој сум многу горд – рекол Мерлин и додал дека се надева дека поголемите концерти ќе бидат можни во 2022 година.