Се потврдија и двете: Владата е стабилна, опозицијата во аут

Изминатите неколку месеци јавноста е сведок дека Христијан Мицкоски постојано во настапите повторува дека власта е загрозена, дека за неколку дена ќе нема мнозинство, дека владината криза само што не испливала на површина, и се така во круг, а во реалноста тоа никако да се случи. Ова е потврда дека Мицкоски користи лажни вести, како што впрочем официјално потврдија и европски институции, оти како поинаку да се наречат изустените информации кои се далеку од вистината и кои никогаш не се случуваат. 

За да му ги осуети сите идни настапи на оваа тема, но и за да демонстрира единство и стабилност во владината коалиција, а при тоа да покаже дека опозицијата е таа која е разнишана, Зоран Заев ја искористи законската можност и самиот, прв во историјата, побара да му се гласа доверба нему и на неговиот тим. Како што самиот истакна во обраќањето пред пратениците гласањето ќе потврди дека власта е стабилна, а опозицијата разнишана.

Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното наводно мнозинство од опозицијата кое, наводно, ќе ја падне оваа Влада. Да и дадеме на јавноста шанса да види колку се празни овие зборови и дека се искажуваат со единствена цел да создаваат лажна слика за силата на опозицијата и за наводната разнишаност на владината коалиција. Или, пак, ќе се види дека владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период“- истакна Заев. 

Опозицијата, која неколку месеци мисли дека преку постојаното повторување оти мнозинството во парламентот е на нивна страна, само манипулира со јавноста и создава лажна слика за поддршката на владините политики од страна на сите коалициски партнери. А кога премиерот ја отвори темата за доверба на Владата, опозицијата ја напушти салата, со што само потврдија дека се далеку од мнозинство во парлементот и дека ВМРО ДПМНЕ е неопходно малку да се позанимава со внатрешната нестабилна ситуација.

Мицкоски е соочен со вонреден партиски конгрес со најава дека ќе биде сменет од лидерската функција, со масовното ажурирано членство на СДСМ, со демократизацијата на СДСМ преку непосреден избор на претседател, со големите проекти на Владата, како пописот, инфраструктурните проекти, економските антикризни мерки, членството во НАТО и напредокот кон ЕУ…. Неможејќи да ја согледа реалноста и стабилното мнозинство на СДСМ, Мицкоски само најавува интерпелации, недоверба, ново мнозинтво, но за сега нема ништо од најавите, особено после нокдаунот на Заев тешко дека манипулациите на опозицијата и понатаму ќе може да се користат во лажењето на јавноста.

Заев покажа дека има доверба од 62 пратеника, истите оние кои ги имаше на почетокот на мандатот по изборите на 15 јули, што е потврда дека ништо не се променило и дека информациите на Мицкоски за разнишана Влада, практично се покажа дека се однесувале на разнишана опозиција.