Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски со италијанскиот амбасадор Силвестри

Денеска во Министерството за внатрешни работи, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски одржа официјална средба со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри, на која се говореше за досегашната одлична билатерална соработка и можностите истата да биде продлабочена во иднина. На средбата беше нагласена важноста на борбата против корупцијата, организираниот криминал, трговијата со дрога и илигалната миграција како и можностите за нивно сузбивање преку соработка меѓу двете земји.

Директорот Тасевски изрази благодарност пред се за подршката за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи преку организирање на обуки за македонските полициски службеници.

Од страна на италијанскиот амбасадор Силвестри, беше нагласена благодарноста кон Министерството за внатрешни работи за досеагашната поддршка на полицијата за одредени истраги, при што се разменија планови и идеи за унапредување на соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Италија и Министертвото за внатрешни работи на Република Северна Македонија.