СДСМ: Стоилковски бега од соочување со правдата за да шири измислици и конструкции од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски бега од соочување со правдата за да шири измислици и конструкции од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, но криминалот на неговата партија нема да го одбрани. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска не се појави на судењето за судскиот предмет „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, порачаa  од СДСМ.

Исто како и неговите шефови и Стоилковски работи против правдата, бега од соочување со судот и прави се за да го попречи владеењето на правото.

Поради неговото денешно отсуство, пропадна уште едно рочиште за предметот „Талир“. Ова е веќе видено од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, да бегаат и да се кријат од правдата, а потоа да шират лажни вести како ништо да не било. – велат оттаму.

Наместо да пласира измислици и конструкции, Стоилковски да се појави пред судските органи и да се соочи со одговорноста.

Христијан Мицкоски и неговите приврзаници не успеваат и нема да успеат да го одбранат криминалот. Следува одговорност за секое незаконско постапување. – стои во соопштението од СДСМ.