Николовски: Поднесена е кривична пријава за нелегално насипување земја и шут во населба Далјан, на брегот на Охридското Езеро

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски истакна дека е поднесена кривична пријава за нелегално насипување земја и шут, во населба Далјан, на брегот на Охридското Езеро. 

„Во координација со Државниот завод за животна средина и Министерството за внатрешни работи утврдено е нелегално фрлање градежен шут и насипана земја на површина од 964 квадратни метри на брегот на езерото и во самото езеро со што е предизвикано негативно влијание врз квалитетот на водата и негативни последици врз живиот свет во езерото.
Идентификуван е сопственикот на земјиштето и против истиот е покрената кривична пријава.
Кривичната пријава е доставена до Јавно обвинителство Охрид за понатамошно постапување по случајот. Уништувањето на природното наследство е недозволиво! Виновниците мора да сносат одговорност!“, нагласи Николовски.