Силвана Бонева го обвинува вештакот дека изготвил еднострано вештачење за патните трошоци.

Силвана Бонева го обвинува вештакот дека изготвил еднострано вештачење за патните трошоци. Погрешно утврдил поминати километри со нејзиното возило, односно напишал помалку отколку што таа извозела, вели Бонева. 

„На деншното рочиште се потврди дека вештакот на обвинителството изготвил еднострано вештачење, анализирајќи ги само податоците што му ги дале од СЈО,а воопшто не земајќи ги во вид моите докази, како доказите за извор на средства за исплата на станот, докази за живеење во Струмица, докази за потреба од користење на две други возила кога моето беше на поправка по 9 сообраќајки. поред обвинението Бонева како пратемничка приложувала лажни сметки од патарина на релација Скопје-Струмица и со тоа незаконски прибавила 100 илјади евра. Таа тврди дека не ги довела до заблуда службите и обвинението е неосновано, бидејќи патни налози не се потпишани од ниедно лице во Собранието.“ – изјави Бонева.

„Јас само констатирав дека на налогот за службени патувања, врз основа на кои се вршени исплатите недостасуваат потписи на ознаките за раководител на сметководство и ликвидатор. Дали тие налози за службени патувања некој ги контролирал во Собрание или не ги контролирал и во конкретниов случај, не ставил потпис на предвидените ознаки за таа намена, јас не можам да одговорам, кажа вештото лице.“ – изјави вештакот Кире Костов.

Сведочеа и двајца вработени во собраниските служби кои често пати ја превезувале на неколку локации со службен автомобил. Најчесто кај Александар Палас и странски амбасади на приеми.

„Јас колку што се сеќавам најчесто госпоѓата Бонева се симнуваше кај Макпетрол Авто Македонија, тука, тој потег, после тоа мислам дека таа улица се вика „50-та Дивизија“, тоа е едносмерната улицата каде што излегува од Клинички центар и се спојува со Булеварот на Водњанска и третото место каде што сум ја оставал е спроти Министерството за внатрешни работи.“ – вели сведокот Љупчо Стружанчев.

Според  обвинението таа од почетокот на 2011 година имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието на релација од Струмица до Скопје и обратно, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале и потоа овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања. Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го собори обвинението со речиси 7000 докази.