Земјотрес од 5,9 степени во Грција почувствуван и во Македонија

Нов силен земјотрес од 5.9 степени според Рихтер беше регистриран вечерва кусо по 20.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Лариса, а беше почувствуван и во Македонија.

Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првично објави дека земјотресот беше со 5.8, а потоа го промени во 5.9 степени.