Полицијата и инспекторите во акција: Испразнета салата „Јане Сандански“ – 150 навивачи од трибините испратени дома

Полицијата и пазарните инспектори вечерва ја испразнија салата „Јане Сандански“ каде што се затекнати околу 150 навивачи, пренесе „Слободен печат“.

-Публиката е испразнета со полицијата, а од наша страна се преземени соодветните законски мерки против организаторот. Ракометниот натпревар бил меѓународен меѓу екипите на Вардар и Брест, изјавил за „Слободен печат“ Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат додавајќи дека натпреварот сепак се одиграл до крајот.

Публиката го напуштила на полувреме, пред да го проследи конечниот резултат.