Поштари доставуваат изводи до дома: Платете го со таксената марка онлајн

Пошта на Северна Македонија доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Директорот Јани Макрадули им порача на граѓаните да ги избегнат гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и да не се изложувааат на ризик од Ковид-19!Постапката се одвива во 4 чекори кои Макрадули ги објаснуваПристапете на – платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплатаПополнете ги податоците

Изберете начин на достава „ПРЕКУ ПОШТА“

Платете електронски, пишува Макрадули.

Додава дека документите пристигнуваат на Вашата адреса во рок од 72 часа и се доставуваат препорачано со повратница.

Пред три дена премиерот Зоран Заев претставувајќи го антикорупцискиот план со воицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, најави дека ќе се укине вадењето на матичните изводи.

Ова Заев го потенцираше најавувајќи ја дигитализација на матичните книги и издавање на електронски изводи од матичните книги, како и укинување на процедурата за вадење на различни изводи и документи

„Наскоро следува и укинување на вадењето на изводи. Граѓаните ќе може да ги добијат на истиот начин на кој што ќе аплицираат.“, рече премиерот.