Заев: Првата пратка вакцини Спутник V пристигнува во недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најверојатно првите 3.000 вакцини Спутник V ќе пристигнат во земјава в недела.

„Еве јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000, ама како да ја кажам ако не стигнат. Во недела ги очекуваме првите преку ДХЛ да дојдат“, колебајќи се ја сподели информацијата.

Тој вели дека министерот Филипче веќе се организира со амбасадорот да ги пречекаат вакцините, и тие да бидат пуштени во употреба. 

Досега единствените вакцини со кои располага Македонија, се фајзеровите вакцини кои ги добивме како донација од Србија и служат единствено за имунизација на здравствените работници од ковид-центрите.