Премиерот Зоран Заев со страв најави дека првата пратка од 3.000 руски вакцини ќе пристигнат во земјава во недела.

Премиерот Зоран Заев со страв најави дека првата пратка од 3.000 руски вакцини ќе пристигнат во земјава во недела.

„Ја имам информацијата. Првите 3.000, ама како да кажам ако не стигнат… Во недела ги очекуваме 3-те илјади преку ДХЛ да дојдат. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да ги пушти тие во промет“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Карпош.

За остатокот до 100 илјади вакцини, колку што се нарачани од Русија, тој рече дека се очекува да пристигнат следната недела.

Премиерот потоа повтори дека имаме договор „Фајзер“ и до крајот на март ќе добиеме 21.000 доза од вакцините.