Битиќи: Домаќинското работење и вистинската грижа заштедуваат 82,25 милиони евра пари на граѓан

Тоа го потврдија и сите релевантни меѓународни финансиски институции, кои го потврдија нашиот кредитен рејтинг, а тоа резултираше со емитување на најевтината евро обврзница досега.Само за потсетување и споредба:

Во 2014 година ВМРО – ДПМНЕ ја задолжи државата со еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка од 3,975%, за кои во овие 7 години, од парите на граѓаните, беа платени камати во вкупен износ од 139,1 милиони евра.

Оваа последна еврообврзница е со повеќе од половина пониска каматна стапка, или домаќинското работење заштедува 82,25 милиони евра во камати, пари на граѓаните.

Почитувани граѓани, овие 82 милиони евра, ваши пари ќе беа доволни да:

– Се изградат уште 7 модерни училишта како новоизграденото основно училиште „Киро Глигоров” каде нашите деца ќе можат да се образуваат;

– и 42 градинки, како градинката „Јаболче” што ја изградивме во Ресен, каде најмалите ќе имаат ран детски развој по европски стандарди;

– и 320 километри канализација;

– и 160 километри примарна водоводна мрежа низ државата;

– или, почитувани сограѓани, тоа се средства кои ги покриваат годишните трансфери за социјална помош за 45.000 домаќинства.

Ова е разликата, како умно и продуктивно се трошат и вложуваат парите на граѓаните.

Остануваме посветени во креирањето на стабилна и одржлива домашна економија.

Бројките не лажат. Грижата се покажува на дело.

Фатмир Битиќи,