Ефтов до Коневски: Ставете го Оливер Андонов еден ден лидер на ВМРО ДПМНЕ како преодно решение?

Негативниот рејтинг на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на анкетите е поголем од 70 отсто. Сите што се разбираат во анкети и во политика знаат дека со таков рејтинг не е можно да се поведи на избори. Ова за вечерашната емисија „Во Центар“ која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov го изјави членот на иницијативниот одбор за Вонреден Конгрес на партијата, Ивица Коневски. Според Коневски, Мицкоски ќе биде сменет на следниот вонреден конгрес закажан за 28 март.

На ова новинарот Васко Ефтов и автор на емисјата се пошегува со гостинот па му рече:

-Оливер Андонов беше министер за внатрешни работи еден ден, 24 часа. Бидејќи вас ви треба едно преодно решение, а да го ставите Оливер Андонов 24 часа да биде лидер на партија и после на конгрес да изберете нов лидер?

Коневски пак смешкај се рече:

-Не знам дали статутот тоа го дозволува, а Ефтов рече:

  • Сигурно дозволува, ќе го прилагодите. Кога бил еднаш еден ден министер за внатрешни работи, ставете го еден ден да биде лидер на партија да му влезе во CV.

Слични вести

Спорт