Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

На 13.02.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул.”Ѓорче Петров” во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време,а во објектот биле затекнати 9 гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен.